еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Елизабета Дуковска, која е избрана за судија во Уставниот суд

Судијката од Апелациониот суд, Елизабета Дуковска, која беше предлог на Судскиот совет е избрана за нов судија во Уставниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Елизабета Дуковска, која е избрана за нов судија во Уставниот суд

Какво образование има

Дуковска е родена на 30.07.1961 година.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во октомври 1987 година.

Правосуден испит положила во Скопје во 1990 година.

Работно искуство

Во 1990 година работела во Основен суд на здружен труд Скопје како стручен соработник.

Од јануари 1992 година работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник во Одделението за стопански спорови.

Во 1996 година работела во Основен суд Скопје I – Скопје како стручен соработник во Одделението за регистрација.

Од октомври 1997 година работела во Апелационен суд Скопје како стручен соработник во стопанското Одделение.

Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I – Скопје во март 2004 година, каде постапувала по предмети во стечајното Одделение.

Од јули 2007 година работела како стечаен судија во Основен суд Скопје II – Скопје.

Во ноември 2009 година е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски: Уверени сме дека Сашо Мијалков е се уште во државата

Редакција

Бебето на заразената мајка што се породи на Гинекологија нема корона вирус

Редакција

(Фото) Концесионер за копање на руда уништи планинарски патеки под Руен

Редакција