По вчерашната средба со првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека тие остануваат на ставот дека се против договорот за името со Грција, а ставот за референдумот ќе го соопштат иднатата недела.
Денеска во Македонија ќе престојува премиерот на Австрија, Себастијан Курц, кој важеше за пријател на партијата и поранешниот премиер Никола Груевски, пред да дојде на премиерската позиција, а утре во Скопје ќе пристигне и германската канцеларка Ангела Меркел, чија партија изминативе години ја подржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ по сестринска линија.
Нема дилема една од главните причини за посетата на високите светски политичари на Македонија периодов пред референдумот е токму да се разубеди ВМРО-ДПМНЕ да застане зад договорот со Грција.
Дали тие двајцата ќе го предомислат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, останува да видиме.