еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Привремено одземен имотот на таткото на масовниот убиец од белградското училиште на барање на семејствата на жртвите

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој.

Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението.

Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривично дело „тешко дело против општата сигурност“.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено првото рочиште против докторите кои и извадија три органи на родилка

Редакција

Курти: Нема да дозволам ситуацијата во Косово да се дестабилизира

Редакција

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за помошна механизација во РЕК Битола тежок 53 милиони денари

Редакција