еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

САД се ангажира да нема нови брања од Бугарија, изјави Ескобар

Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го овозможи пристапувањето на Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.

То нагласи дека Македонија и Албанија веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Ескобар истакна дека евро и евроатлантската интеграција се од клучно значење за да се намали влијанието на штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своите влијанија.

МИА/Фото: Влада на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Мишко Иванов се повлекува од уредување на вести и дневникот на ТВ „24“, а и од политички соочувања

Редакција

Твитер „врие“ за зачестените убиства: „Пукано онде, мртов таму, убиство онаму… што е ова бе?“

Редакција

Ацо Колевски едногласно избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција