еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Спасовски: Санкции за секој обид за попречување на остварувањето право на глас, вклучувајќи ги и активностите на Интернет

Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денеска во видео обраќање, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Секој граѓанин, како што истакна Спасовски, треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.

– Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Макеоднија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните, рече Спасовски.

Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.

– Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид пристисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на Интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран, вели Спасовски.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Немавме контакт со талибанци“: Почнаа да пристигнуваат македонските граѓани евакуирани од Авганистан

Редакција

Директорот на Гостиварската болница тврди дека кај нив има три инфицирани медицински лица, а не осум

Редакција

Во Куманово седум, во Липково шест новозаболени лица од Ковид 19

Редакција