Инцидент се случи вчера во дворот на храмот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Св.Наум Охридски Чудотворец, на Попова Шапка.
Две лица го симнаа знамето на МПЦ ОА и на јарболот го ставија знамето на Албанија, а инцидентот е снимен од надзорните камери.
Случајот во полицијата го пријавил свештеник.
-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. информираа од МВР.
Неколку медиуми објавија и дека синоќа било приведено едно лице, за што засега нема официјална потврда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидентот предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и осуда.
-Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, напиша на социјалните мрежи претседателот на Комисијата за односи меѓу религиите, Даријан Сотировски.
Видео: Тетова Сот