Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за петте осомничени за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Со избричени глави осомничените за убиството на Вања и Панче
Кривична заработија првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше уапсен во Турција, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо
Кривичната опфаќа неколку дела: едно лице е осомничено за „грабнување“ и „убиство“, тројца за „грабнување“ и „соизвршителство при убиство“ и едно лице за „помагање при грабнување„.
Како што објасни синоќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кривичната е изготвена на повеќе од 100 страници и е предадена во Јавното обвинителство.
Сите освен Палевски се во затворот „Скопје“ во скопската населба Шуто Оризари. Тројца од нив ги признаа делата, а таткото на Вања, негира дека му давал информации на Палевски за ќерка му.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен
Како е грабната и убиена Вања?
Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?