еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Отворена поликлиниката Сарај

Денеска е отворена новата поликлиника во скопски Сарај, којашто ќе опслужува над 45 илјади жители од овој регион на градот.

Станува збор за инвестиција во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство.

Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесеттина населени места (меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други). Досега, пациентите од оваа Општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров.

Новата поликлиника ќе биде дел од Здравствен дом Скопје. Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија.

Покрај превентивните служби, во поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија.

За функционирање на поликлиниката е обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се: доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Крајно време е да почнеме со „нашиот источен сосед„: На Твитер ја „подбраа“ Захариева за бугарските корени

Редакција

Убава вест: 7 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Алкалоид“ со 56 нови вработувања и со 72% од консолидираните продажби остварени на странските пазари во периодот јануари-март 2020

Редакција