еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид ќе исплати за 10,2% поголема дивиденда споредено со лани, 540 денари бруто по акција

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2024 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје.

„Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 29.02.2024 година донесе Предлог-одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2023 година во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490 денари бруто односно 441 денари нето е поголема за 10,2%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 770 милиони денари.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 15.05.2024 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст од 10% на консолидираните продажби и инвестициите: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2024

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

Алкалоид со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари-декември 2023

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни се дојавите за бомби во 23 основни училишта во Скопје

Редакција

Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче, вели Бубевски

Редакција

Разрешен директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, министерот Меџити вели дека нема политика во одлуката

Редакција