еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Ако некој Ве снима на утрешниот референдум пријавете

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.

– Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја, стои во апелот на МВР.

Од таму наведуваат и дека согласно со стандарните процедури, во Министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да презема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал: Македонци кои гласааат на референдумот во Мелбурн се снимаат и објавуваат на Фејсбук страна „предавници“

Едмонд Адеми: Идентификувани и пријавени се снимачите на гласачите на референдумот за името во Мелбурн

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари не дојде на седницата на Централното собрание на АА, на која се изгласа инцијатива за негово разрешување

Редакција

Тетовско-гостиварската епархија поднесе жалба на решението за рушење на крстот на Попова Шапка

Редакција

Поради здравствената состојба на Зекири, судењето против него ќе продолжи во март

Редакција