еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЕУ не признава бојкот: Хан побара политичките лидери да ја почитуваат одлуката на мнозинството

Еврокомесарот Јоханес Хан преку социјалната мрежа Твитер им честита на македонските граѓани за гласањето на референдумот. Според него, референдумот е успешен, бидејќи мнозинството што излегле гласале за договорот.

„Им честитам на оние граѓани што гласаа на денешниот консултативен референдум и ги остварија своите демократски права. Со мошне значајните гласови „да“, постои широка поддршка за Преспанскиот договор и за евроатлантскиот пат на земјата.

Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со најголема одговорност и единство меѓу партиите, во интерес на земјата“, напиша Хан.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Медицински отпад, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел

Редакција

За еден ден: Драстичен раст на бројот на заболени со корона вирусот во Грција на 190 лица

Редакција

(Фото) Во Украина од Македонија да се борат заминале 79 платеници, 21 загинале, тврди Русија

Редакција