еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кво вадис Македонијо: Сатанисти убиваат животни, ученици се фрлаат низ прозор, градоначалници шверцуваат…

Додека се кршат копјата дали македонските граѓани повторно ќе бидат изложени на предзиборна кампања заради неуспешниот референдум за прифаќање на договорот со Грција и зачленување на земјава во ЕУ и НАТО неколку случки во изминатиов период покажаа до кој степен е деформирано македонското општество.

На социјалните мрежи вчера осамна згрозувачка фотографија од преполовено маче поставено до сатанистички симболи напишани на автобуска постојка во Драчево.

Претходно излезе видеото од кое може да се види како во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето држат за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка и ја фрлаат низ прозорецот од училницата. Девојчето се здобило со телесни повреди.

Истовремено излезе веста дека Аплеацискиот суд во Штип ја намалил казната за шверц на цигари на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев од 18 на 6 месеци со единствена цел тој да може да се врати на градоначалничката функција.

Имено, во член 54 од Законот стои дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци. Неизбежно се наметнува прашањето кој го напишал законот кој дозволува осудено лице за криминал да се врати на толку одговорна функција.

Дополнително, секојдневно во билтените на МВР може да се забележат силувања извршени од малолетници, претепувања, кражби и други ненормални однесувања.

Да нема сомневање, тоа не се поединечни случки туку секојдневие за што директна одговорност треба да сносат најголемите парламентарни политички партии кои наместо да работат за подобрување на квалитетот на живеење и системски да ги решаваат ваквите проблеми во Македонија постојано се во безмилосна изборна трка со единствена цел да се приграбат до власта и да располагаат со државните ресурси.

Ги заболе нив и за граѓаните, а посебно за децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Згрозувачко фото: Сатанисти преполовија маче во Драчево

(Видео) Како изгледа играта фрлање на деца низ прозорец од школо, поради која беше повредено девојче

Македонците не пијат нафта: Со кој памет му простивте на градоначалникот-шверцер?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уапсени 11 лица за препродажба на артефакти, по едно се трага

Редакција

Испразнетите работни места во здравството ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави Меџити

Редакција

Србија да ги продолжи преговорите со ЕУ, ако воведе санкции за Русија: Европскиот парламен усвои резолуција

Редакција