еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски нема да праќа писмо до ЕУ, уставни измени ќе има кога Бугарија ќе одобри членство

Премиерот Христијан Мицкоски се откажа од писмото кое најави дека ќе го испраќа до Европската унија (ЕУ).

Денеска рече дека сега било безпредметно да го испраќа, бидејќи се што требало да има во него веќе било разговарано со лидери од ЕУ и со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која беше во посета на Македонија.

Тој повтори дека позицијата на земјава е јасна и дека за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор на Македонија за влез во ЕУ, односно да го одобри членството.

– За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени.

Мислам дека е тоа фер решение за сите, имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски.

Сега дознавам што се правело во тој период и навистина шокирачки се тие информации, затоа жестоко се бориме.

Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски поголем оптимист и посреќен за европската иднина на Македонија по средбите во Берлин

Мицкоски ќе бара САД и ЕУ да бидат гаранти за “одложено дејство“ на уставните измени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Редакција

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, оцени потпретседателот на руската влада Новак

Редакција

Каков имот пријавил Љубе Стаменковски, разрешениот директор во М-НАВ, на чие место доаѓа Милан Кораќ

Редакција