еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“, каде за поттикнување насилство обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Судењето треба да продолжи со сослушување на сведокот Саша Богдановиќ, откако на минатото рочиште заврши сведочењето на поранешниот претседател на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.

Судот на минатото рочиште, по барање на обвинителството донесе решение за издвојување на постапката против обвинетиот Митко Пецов, кој поради болест не присуствуваше на рочиштето.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, и за осмообвинетиот Митко Пецов пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендирани скопски и тетовски обвинител

Редакција

Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била привремена

Редакција

СДСМ и останатите партии да се изјаснат во врска со Декларацијата за Гоце Делчев, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција