еМагазин
Image default
Локално

Татко и син од Битола нападнале полицајци

На 15.10.2018 година околу 16.15 часот на улица „Партизанска“ во Битола тројца полициски службеници запреле такси возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(32) од село Гермијан, информира МВР.

При контролата било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола. Полициските службеници побарале од возачот да повика лице со возачка дозвола кое би го однело возилото до Станицата за технички преглед.

По кратко време дошло лицето В.М.(22) од Битола, кој го однел возилото до Станицата за технички преглед на улица „Македонска фаланга“. Набргу потоа, во станицата за технички преглед дошол Т.М.(татко на В.М.), по што и двајцата почнале да ги навредуваат, да им се закануваат, а во еден момент се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници, но биле совладани и приведени во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежник од Гостивар завршил во болница по пад од скеле

Редакција

Почнува „Градски летен парк“: Филхармонија вечерва ќе свири музика од култните цртани филмови од Источниот блок

Редакција

Девојка од Вевчани им украла фотографии и недолично се однесувала на лажен Фејсбук профил

Редакција