Трет ден расправа во македонското Собрание за уставните измени, кои произлегуваат од договорот за името со Грција.
Последните два дена, освен јавното изнесување на независниот пратеник Ферид Мухиќ, дека се предомислил и дека ќе гласа „за“, не донесоа ништо ново, туку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ преку говорницата во Собранието само ги потврдија партиските ставови.
Вчерашниот ден расправата ја засени одлуката за пуштање од домашен притвор на двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за настаните од 27. април.
Во Собрание пак претседателот на Собранието, Талат Џафери не дозволи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се обрати на расправата, по што дел од пратениците на партијата се откажаа од своите говори, а дел од нив побараа Мицкоски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да седнат и да се договорат.
Дали денешниот ден ќе донесе нови „изненадувања“ останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куновска: Националните координатори и советници не просветлија нас глупите
Ганка Цветанова ја повика Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени