еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ИК) на вонредна седница донесе одлука да ги исклучи од партијата седумте пратенци кои гласаа за измена на Уставот на Република Македонија заради имплементација на Договорот од Преспа, информираше лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференција.

– Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните, кој беше, пак, партиски став едногласно донесен и на Извршниот и на Централниот комитет и во координација со претеничката група ме разочараа мене, но тоа и не е толку важно затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината и ќе треба со тоа да живеат. Токму затоа, вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  одржа вонредна седница и на мој предлог едногласно се усвои веднаш да се исклучат од партијата –  рече Мицкоски.

Тој посочи дека од партијата се исклучени Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмаиловска Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зекир Ранчиловиќ.

На некои од нив, нагласи, можеби им било ветувано ослободување од обвиненијата или им биле понудени и пари. Мицкоски додаде дека како човек не може да ги оправда ниту, пак, да ја разбере нивната постапка.

Тој денот го оцени како најцрн ден во историјата на Македонија, или како што кажа: „црн петок“.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието со 80 гласа „За“ донесе одлука за промена на Уставот

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Заев се заблагодари на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се ставиле над партиските интереси и покрај притисоците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Златица Петковска, ПИНА: Новинарството е излишно ако не работи во име на општото добро

Редакција

(Фото) Турист во сопствениот град: На лахмаџун во „Галерија 7“, на благо во слаткарница „Охрид“ во Стара Чаршија

Редакција

Апарати за магнетна резонанца има, нема кој да снима и да чита резултати

Редакција