еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако дојде живот зошто административците бегаат во странство?

Чудни образложенија за масовните вработувања во јавната администрација можевме да чуеме вчера од Владата односно дека има институции кои нон стоп имаат отворен оглас за вработување, а никој не се јавува, бидејќи нема соодветен кадар и дека има одлив на кадри е во странство.

Уште позапрепастувачка беше информацијата дека има околу 200 вработени во администрацијата кои редовно земале плата, а живееле во странство.

Од Владата треба да знаат дека македонските граѓани не пијат нафта и дека јалов е обидот повторно да се манипулира со јавноста околу таканеречените реформи во администрацијата.

Имено, и малите деца знаат дека продолжува праксата во државните институции да се вработуваат лица под партиски клуч, а најдобар показател за тоа е што само во изминативе месец дена беа распишани десетици огласи за вработување на неколку стотици лица во државните институции и јавните претпријатија, а во голем дел од нив се бараат кандидати со ниски квалификации.

Така, Министерството за правда распиша оглас за вработување на 40 лица, Институтот за јавно здравје распиша оглас за вработување на 26 лица, Министерството за земјоделство распиша оглас за вработување на 45 лица МЕПСО распиша оглас за вработување на 23 лица, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството распиша оглас за вработување на 28 лица, Македонски железници распиша оглас за вработување на 33 лица, ЈСП за 100 лица…

Долгогодишното силување на државниот буџет преку партиските вработувања и задоволувањето на апетитот на партиското членство наместо работење на создавање мала, но ефикасна и професионална јавна администрација е главна причина за катастрофалната состојба во овој сектор, што ако се следат огласите за вработување нема да се доведе во ред во блиска иднина.

Затоа, смешни се образложенијата дека административците се иселувале, а ако тоа е навистина така се наметнува прашањето каков живот дојде во Македонија, по толку долго најавувана благосостојба што требаше да ја донесе актуелната владејачка гарнитура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има институции што постојано имаат отворен оглас за вработување, но никој не се јавува

Доминација на државните институции во огласите за вработување

Министерството за правда вработува 40 лица, плата до 22.490 денари

Владата вработува, плата до 22.500 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 28 лица, плата до 31.323 денари

АХВ вработува советници, инспектори и референти, плата до 25.123 денари

Фондот за здравствено осигурување вработува, плата до 32.835 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora во скопски Центар

Редакција

Владата нема да му префрли 250 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Редакција

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

Редакција