Од 01.01 до 30.09.2018 година А.Д. Европа-Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 107.478.413 денари и е поголема во однос на истиот период од претходната година за 137%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Вкупните приходи се зголемени за 7,8% и изнесуваат 569.767.915 денари. Оперативните приходи за деветте месеци од оваа година изнесуваат 561.174.775 денари и се зголемени за 7,0% во однос на претходната година а зголемување има и кај финансиските приходи.
Расходите за деветте месеци се намалени за 4,3% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 462.289.502 денари. Кај оперативните расходи има намалување за околу 1% во однос на претходната година а намалување има и кај финансиските расходи.
„Зголемувањето на приходите за 7,8% и намалувањето на расходите за 4,3% овозможи добивката за првите девет месеци од 2018 година да се зголеми за 137% во однос на истата од претходната година“, соопшти компанијата.