еМагазин
Image default
Македонија

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Недвижниот имот на ВМРО-ДПМНЕ кој се состои од 69 објекти, меѓи кое е и седиштето на партијата, остануваат замрзнати, информираат од Основниот суд Скопје 1, откако Кривичниот совет ја одбил жалбата која вчера ја поднесоа партијата.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на СЈО и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка“, соопштија од судот.

Барањето за замрзнување на имотот го поднесе Специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

„Белата палата“ под хипотека: Може ли Комерцијална банка да стане нов сопственик на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Петков да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет

Редакција

Скопјанката која почина од коронавирусот имала претходни заболувања

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 3.108 тестирања

Редакција