еМагазин
Image default
Македонија

Грчкиот претседател Павлопулос бара да се разјасни дека не се признава македонската нација, туку само државјанството

Владата на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) ги достави нацрт-уставни амандмани до Парламентот, со кои формално ќе ја преименува земјата во „Северна Македонија” по договорот за името потпишан со Грција. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наводно, изразил резервираност за членот кој се однесува на делот за македонскиот народ, пишува грчкиот весник Катимерини.

Павлопулос, наводно, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот “народ и идентитет” и потребата да се заштити македонскиот “народ” што живее надвор од земјата.

Павлопулос инсистирал на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанството, пишува Катимерини во своето онлајн издание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

И АСНОМ и Рамковниот договор во Преамбулата на Уставот: Што пишува во нацрт-амандманот

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 19 лица, изречени 434 казни за неносење маска

Редакција

Во болниците низ Македонија се лекуваат 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Во Кичево еден нов случај со Ковид-19, еден починат и двајца оздравени

Редакција