еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ги бендиса ли грчката Влада уставните амандмани на македонската Влада

И неколку дена по објавувањето на содржината на нацрт амандманите со кои ќе се менува македонскиот Устав, што е предвидено со договорот за името со Грција, се уште нема официјален конкретен став за истите од грчката Влада.

Имено премиерот Зоран Заев најави дека за уставните амандмани во духот на договореното, иако тоа не го предвидува Договорот од Преспа, ќе биде консултирана и грчката Влада.

Дали во меѓувреме е консултирана нема официјална информација.

Својот став за нацрт амандманите вчера го соопштија од опозиционата Нова демократија, која со месеци наназад има подобар рејтинг од владејачката Сириза.

Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, смета дека предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави “уште полош и онака лошиот Договор од Преспа” и паралелно побара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на Заев.

“Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна “македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев, вели Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што е веќе познато, единствено во членот 36 од македонскиот Устав, кој го спомнуваат од Нова демократија, зборот Македонија нема да биде заменет со Северна Македонија.

Според грчките медиуми, од уставните амандмани, не е задоволен и грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, кој го посочува истиот член.

Според весникот Катимерини, Павлопулос, наводно, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот “народ и идентитет” и потребата да се заштити македонскиот “народ” што живее надвор од земјата.

Павлопулос инсистирал на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанството, пишува Катимерини во своето онлајн издание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Талир“ на СЈО одложен за 16 април

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со “2 СС“ вреден 861 илјади евра

Редакција

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија?

Редакција