еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Господа министри, проблемот е што прогресивниот данок нема да ги „чепне“ најбогатите

Во обид да го образложат воведувањето на таканречениот прогресивен данок вчера повеќе министри во Владата вклучувајќи го и премиерот си ги објавија платите нагласувајќи дека се тие „толку ниски“ што нема да подлежат на новата регулатива која предвидува со 18 отсто да се даночат примањата на лицата кои заработуваат над 90.000 денари.

Главен адут на Владата е дека со оваа реформа ќе се оданочат 38.000 граѓани кои заработуваат над оваа сума и дека станува збор за 1 отсто од вкупниот број работници.

Сепак, тоа што министрите не го кажуваат е дека месечниот приход, хонорар или плата од 90.000 денари или повеќе во никој случај не значи дека тоа се најбогатите граѓани во оваа земја.

Може да се каже дека тоа се најумните и најиновативите луѓе, пред се програмери, софтверски дизајнери, пилоти, научници и други профили работници кои врз база на стекнати знаења и вештини успеале да го наплатат својот труд и со тоа да придонесат во Македонија да оди напред на економски план.

Најбогатите луѓе во нашата земја односно големите капиталисти или барем повеќето од нив најверојатно нигде не земаат плата односно не фигурираат како вработени иако поседуваат и по десет или дваесет компании што „вртат“ милиони.

Затоа смешно е да се каже дека даночната реформа значи воведување праведен данок и дека има социјален карактер.

Со овој данок, само дополнително ќе се поттикнат младите информатичари, програмери, инженери и други профили иновативни луѓе што побргу да ја напуштат оваа земја, бидејќи им се земаат парите што ги даваа за кирија. Тие немаат по десет сопствени станови и куќи, како што имаат големите капиталисти и политички профитери.

Затоа денот кога ќе соберете храброст соодветно да ги даночите најбогатите, а не најпаметните тогаш ќе можете да се пофалите дека сте вовеле праведен данок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прогресивен данок: Новиот закон директно ќе удри по џебот на 38.000 граѓани

Бизнис-заедницата против прогресивниот данок: Ќе се зголеми сивата економија

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештакот Јакупи Мамути сведочеше на судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Влада: Угостителите да обезбедат најмалку 1,5 метри растојание меѓу гостите

Редакција

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина

Редакција