еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Галерија) „Тимберленд“ овој викенд подготви вистинска дизајн лабораторија во продавницата во Skopje City Mall

За да ја прослави 45-годишнината на еден од своите најпрепознатливи  производи, Тимберленд овој викенд подготви вистинска дизајн лабораторија во продавницата во Skopje City Mall, каде посетителите имаа можност за персонализирање на своите чевли или облека.

Тату уметникот Драган Китановски Драш и илустраторката Емилија Мишева Ставрова – Ем Елефантски беа задолжени за персонализирање на разни модели на чизми, според желбите на купувачите. Тие, преку својот автентичен стил им дадоа печат и уникатност на старите и новите Тимберленд-ки.

Посетителите имаа можност и да испечатат дуксери и маици со дизајн по свој избор, принтови кои го слават 45-годишното постоење на легендарните жолти чизми.

На настанот беа пристуни и Гоце САФ, како и бендовите Eye Cue и Дупер кои добија персонализирани чизми со автентичен дизајн кој ја пренесува нивната уникатност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра, притворени четири лица

Редакција

Министерството за одбрана распиша тендер за купување машки и женски чевли

Редакција

Ковачевски без конкретен одговор за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, опозицијата ја обвини за шовинизам кон жените

Редакција