„Орбан е многу лош“, „Орбан е диктатор како и Груевски“, унгарскиот премиер Виктор Орбан е незнам што… Наместо одговорност за бегството на поранешниот премиер, сега пратеник, Никола Груевски прво да се бара дома, што е најлогично и што го очекува јавноста, бидејќи Груевски не е обичен бегалец, владини преставници, одредени медиуми и т.н. експерти, воденицата упорно ја вртат единствено накај Унгарија и Орбан.
Нема да биде никаково изненадување ако наскоро на Орбан, кој за сега е единствениот „виновник“ за бегството на Груевски, во делење на „вината„ да му се приклучи и рускиот претседател Владимир Путин, кој е исто така „многу лош“.
Токму со Русија се шпекулира како следна можност за можно пребегување на Груевски од Унгарија.
Во меѓувреме додека светот „крши“ копја за присвојување на „славното“ бегство на Груевски, македонските власти немаат соопштено ниту една информација како избегал.
Две истраги се водат во Министерството за внатрешни работи, кои треба меѓудругото да одговорат кој дома, но и надвор му помогнал на Груевски да избега (балканска „турнеја“ не се прави сам), а предистражна постапка за случајот отвори и Јавното обвинителство.
Што ќе покажат овие истраги и дали некој конечно ќе понесе одговорност за овој мега скандал, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Србија молчи за бегството на Груевски?
Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот
Црногорски медиуми: Груевски во Црна Гора влегол и излегол во придружба на унгарски дипломати
Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално
Фото: www.wsj.com