еМагазин
Image default
Македонија

Црногорско МНР: Нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ изјави дека во случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Црна Гора постапувала како и со секој друг странски државјанин, бидејќи не поседувала информации дека е баран поради извршен криминал или за издржување затворска казна.

Според него, нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора на пат кон Унгарија каде што побара политички азил.

– Во времето кога одлучи да побара азил во Унгарија и кога унгарските дипломати решија да му дадат одредени услуги, Никола Груевски не беше на потерница на Интерпол, ниту Македонија имаше издадено некакви сигнали кои на другите земји би им дале до знаење дека тој е лице надвор од законот.

Со самото тоа црнгорските државни органи го третираа како и секој друг граѓанин кој се наоѓал на територијата на Црна Гора во друштво на дипломати со дипломатски таблички и со сите други имунитети, изјави Дармановиќ на денешната средба со претставници на медиумите во Подгорица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Прашање за милион долари: Како и кој му помогна на Груевски да избега од Македонија

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик за субвенциониран студентски оброк за 2023/2024 година, дневниот износ 140 денари

Редакција

Обвинителството даде уште три позитивни мислења за амнестија до Кривичниот суд, 14 други се одбиени

Редакција

Владата ги прифати договорите за признавање на дипломите на докторите, стоматолозите и архитектите од Западен Балкан

Редакција