Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.
– Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна, напиша Хан.
Сепак, Европската комисија сѐ уште не се произнела јавно за овој случај. Што се однесува до Европскиот Парламент, само политичките партии на Зелените и на Социјалдемократите излегоа со реакции.
Земјите членки на ЕУ исто така не искоментирале за случајот.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарски аналитичар: Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби
Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски
„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков
Груевски повторно хит во регионалните медиуми: Доби азил во Унгарија, Македонија го бара назад