еМагазин
Image default
Македонија

Кратко времето за спроведување од притвор на Мијалков: Рочиштето за „Тврдина -Таргет“ одложено за 4 декември

Поради краткиот временски период за доставување барање за спровод на поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков од притвор, денешното рочиште за „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите е одложено за 4 декември годинава.

На претходното рочиште за „Тврдина -Таргет“ исказ даваше сведокот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ги извадија бомбите од УБК и благодарение на нив се откри аферата со прислушувањето.

Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

На поранешниот директорот на УБК, Мијалков, Кривичниот суд вчера му одреди 30-дневен притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Таргет– Тврдина“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

Сашо Мијалков за притворот може да се жали до Апелациски суд

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО

Редакција

82,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Во Струмичко досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник

Редакција