еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки кој се „прослави“ со изјавата “дека граѓаните не му се битни“, на министерска функција е од 31 мај 2017 година и прима плата од 72.621 денари која ја обезбедуваат токму од тие граѓани.

Во неговата биографија која е објавена на веб-страницата на министерството, пишува дека бил и министер за земјоделие и два пати градоначалник на Општина Липково.

Дураки, сепак во јавноста најмногу е познат под прекарот „Командант Вентили“.

Имено, за време на воениот конфликт во 2011 година Кумановци два месеци останаа без вода поради тоа што припадници на УЧК го стопираа дотекот на вода.

Случајот во јавноста е познат како „Липковска брана“, а Дураки беше посочен од медиумите како еден од виновниците што жителите на Куманово останаа без вода.

Оваа се неговите досегашни функциии: 

-заменик директор на Царинска Управа на РМ, 2002 година

-министер за земјоделие, шумарство и економија, 2004 година

-пратеник во Собрание на Република Македонија, 2006 година

-директор на Агенција за развој и инвестиции, 2008 година

-градоначалник на Општина Липково, 2009 година

-градоначалник на Општина Липково, 2013 година.

Фото: Фејсбук-профил на Садула Дураки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го знате овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

(Видео) Министерот кој не одржал ниту една прес-конференција за загадувањето и јавно призна дека не се „бави“ со граѓаните

Профил на Садула Дураки: „Командант Вентили“ ќе остане министер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историска одлука: Европската комисија предложи кандидатски статус за Босна и Херцеговина

Редакција

Кина е на вистинската страна на историјата во однос на војната во Украина, вели кинескиот министер за надворешни

Редакција

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Петре Димитров