Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања Јанакиески, на својот Фејсбук профил остро реагира на одлуката на Апелациониот суд, нејзиниот сопруг да остане во притвор.
„Политички линч, наместо правда!
Апелацискиот суд е должен да одговори:
Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?
Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?
Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?
Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?
Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишуваа таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација одлучи: Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор
Јанакиески во Апелација: Немам сметки во странство и го осудувам бегството на Груевски
(Фото) Јанкулоска му даде подршка на „најдобриот пријател“, Јанакиески на Фејсбук
Фото: Фејсбук/Јанакиески