Детскиот хирург Владимир Чадиковски е прогласен за Маж на годината за 2018 година, за најголем придонес во општествотово, на изборот во организација на онлајн машкиот магазин Friday.mk и агенцијата Моментум.
Настанот се одржа синоќа во Тренд Гастро Бар.
Насјуспешни мажи се избраа и во други категории:
-Живко Мукаетов, Менаџер на годината
–Душко Чифлиганец, Млад менаџер
–Ваутер Пломп, Маж странец во Македонија
–Ѓорче Ставерски, Маж со најголем придонес во културата
–Кире Лазаров, Маж со најголем придонес во спортот
–Никола Димитров, Маж со најдобар стил
–Трифун Костовски, Маж со трајни вредности беше избран
–Огнен Јанески, Маж на годината според социјалните мрежи
“На вчерашната гала вечер, ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Многу сме среќни што успеавме да организираме настан на кој имаше навистина убави луѓе. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати, и гордо сакаме да Ви најавиме дека и наредната година ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас. Изборот на маж на годината се планира да стане релевантен коректив за сите мажи, да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил, а со тоа овој настан ќе прерасне во традиција“, велат организаторите.
Насловна: Фејсбук/Јанески/Фото: Different Photography