еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Мажите во Македонија повеќе од жените се на социјалните мрежи

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 % опфат на домаќинствата во првото триемесечје од 2018 година, спрема 73,6 % во истиот период минатата година, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија која е автор на најновото истражување во врска со состојбите во е-трговијата.

Исто така, подобрување има и во начинот на пристап потребен за обавување на е-трговија.

„Во Република Македонија 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години употребило интернет или околу 1,3 милиони жители. Од тоа машкиот пол повеќе (80,9%) од женскиот (77,4%). 97,5 од младите на возраст 15-24 години употребиле инетрнет, а најмалку употребувале интернет во страосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од популацијата 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За да пристапат до интернет најмногу користеле мобилен или паметен телефон дури 68,8% од интернет корисниците, потоа од лаптоп 41,1%, од десктоп 36,5% и 14% пристапиле од таблет“, вели Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што Македонците во 2018 најмногу го користеле интернетот 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕ-ТО го доби тендерот на „Балкан енерџи“ за набавка на природен гас вреден 21,6 милиони евра

Редакција

Банките играат топло-ладно со каматите за новите кредити

Редакција

Се плашат ли СДСМ и ДУИ од предвремени парламентарни избори?

Редакција