еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Конечно позитивна вест: Бројот на невработени прв пат под границата од 200.000 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958 770 лица, од кои 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица се невработени, што е прв пат по долги години бројот на невработени да се симне под границата од 200.000 лица.

Овој позитивен тренд не значи дека проблемот со невработеноста и понатаму не останува еден од најтешките во Македонија со оглед на тоа што сепак има цела армија луѓе без работа.

Инаку, стапката на активност во овој период е 57 отсто, стапката на вработеност 45,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 20,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малку ни се 25 министри, ќе имаме уште еден

Редакција

Железници инфраструктура склучи договор со “Аркон Ко“ вреден 285,8 илјади евра

Редакција

Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“

Редакција