еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Министерството за труд вработува 10 лица, плата до 28.303 денари

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 10 државни службеници во Министерството за труд и социјална политика.

Се бараат кандидати за следните работни места: помлад соработник за буџетска анализа, советник за имплементација на демографски политики, помлад соработник за административно-техничка поддршка и обработка на податоци и документи за судски постапки и за одговори на жалби од работен однос, раководител на одделение за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, советник за нормативна дејност во областа на трудово право, помлад соработник – стручен администратор за обука и оценување на административни службеници, помлад соработник за административно-оперативна поддршка за одржливост на пензискиот систем, раководител на одделение за координација на активностите на министерот, советник за имплементација на претпристапната помош на ЕУ и советник за спроведување и водење на постапка за прекршоци од областа на работните односи.

Платите во зависност од работното место се движат од 20.900 до 28.303 денари.

Повеќе детали ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација на државните институции во огласите за вработување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асоцијацијата на ивент индустријата бара влез на настани со ПЦР или брз тест

Редакција

(Фото) Илинденските списи ја чуваат и шифрираната азбука на Гоце Делчев: Нови документи за илинденскиот период

Редакција

Македонците „навалија“ во Боровец, Помпорово и Банско, а некои одат и на Алпите

Редакција