еМагазин
Image default
Балкан

Косовскиот премиер Харадинај ја обвини Могерини дека е на страната на Србија

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, во писмeното обраќање до високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и еврокомесарката за трговија, Сесилија Малстром, оцени дека ЕУ ги затвора очите пред однесувањето на Србија, пренесуваат косовските медиуми.

Харадинај и укажува на бриселската тројка дека Договорот за стабилизација и асоцијација и приклучувањето на Косово во ЕУ е поважен од дијалогот со Србија.

„Однесувањето на Србија кон Косово, вклучувајќи го и постојаното одбивање да ги спроведе техничките договори од Брисел, не само што е игнорирано туку и Србија добива финансиска помош и отвора нови поглавја во процесот за интеграција во ЕУ. Сакам да нагласам дека нашиот Договор за стабилизација и асоцијација и приклучувањето се многу повредни во однос на дијалогот со Србија“, наведува Харадинај во писмото.

Тој додава дека Косово сака да има потесни односи со Европската унија, но и дека под раководство на Могерини, ЕУ престанала да биде неутрална во своите договори со Косово и Србија.

„Однесувањата на Србија наспроти Косово, вклучително постојаното одбивање да се спроведат техничките договори од Брисел, не е само ингорирање на Косово, туку Србија се стекна и со финансиска поддршка, како и со отворање на нови поглавја“, пишува Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ќе стане ли Ципрас првата голема политичка жртва на Преспанскиот договор?

Редакција

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Хрватскиот претседател и ја затвори вратата на финската премиерка и ја остави да го чека

Редакција

Каракачанов по катастрофалните резултати поднесе оставка и повика партиите да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија

Редакција