еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) „Етно гостилница Воденица 3“- новогодишна бајка и разгледница

За „Етно гостилница Воденица 3“ во Крива Паланка, сме пишувале неколку пати до сега, но сосема заслужено. Станува збор за вистинска убавица која изненадува во секое годишно време.

Најубава е во пролет, кога околината е разеленета и со безброј шарени цвеќиња, но и на зима, кога е како во бајките.

Сместена во подножје на планината, покрај река, украсена како најубава елка и накитена со снег, навистина остава без зборови.

Освен што убавината е лек за душата, гостилницата нуди и прекрасна храна и автентични специјалитети.

Во овој период од годината е како од новогодишна разгледница. Уживајте во фотографиите, а уште подобро, ако и ја посетите.

Фото: Фејсбук-страница на „Етно гостилница Воденица 3“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се најдобрите гостилници во Скопје

(Фото) Кои се најдобрите ресторани во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.800

Редакција

Минималната синдикална кошничка во јануари пораснала за 770 денари

Редакција

Убава вест: Бројката на оздравени од Ковид-19 е повиска од бројот на заболени и изнесува 920

Редакција