еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал од 2018 година изнесува 8,4 милијарди евра (или 79,9% од проектираниот БДП) и во споредба со претходниот квартал е намален за 26 милиони евра.

Во споредба со крајот на 2017 година, бруто надворешниот долг е повисок за околу 1 милијарда евра, при истовремено зголемување на јавниот и на приватниот надворешен долг (за 524 и 503 милиони евра, соодветно), покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, јавниот долг во текот на 2018 година е зголемен за 283 милиони евра, додека вкупниот надворешен долг за 786 милиони евра.

Растот на јавниот долг пред сѐ произлегува од зголемените обврски на секторот „држава“ (за 266 милиони евра), додека растот на приватниот долг во најголем дел се објаснува со зголемените обврски на капитално поврзаните субјекти (за 270 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 190 милиони евра)“, соопшти НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Жена уби шест лица во училиште во САД

Редакција

Нови дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Емотивни снимки од Италија: Со пеење на балконите му прксоат на корона вирусот

Редакција