еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собранието утре почнува финалето на промена на Уставот: Ќе има ли дво-третинско мнозинство?

На седницата број 75 закажана за утре во Собранието почнува финалната расправа по уставните измени предвидени со Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, со кој меѓу другото името на државата ќе се промени во Северна Македонија.

Останува да се види дали премиерот Зоран Заев ќе успее да обезбеди дво-третинско мнозинство потребно за финализирање на уставните измени.

Состојбата се искомплицира откако Зијадин Села и Биљал Касами излегоа со свои барања за уставните измени.

БЕСА има три амандмани на Уставот и еден на Уставниот закон за да се прецизира дека државата не е моноетничка, како што имплицира делот „македонско државјанство“.

Алијансата на Албанците на Села бара бришење на „македонско“ од документите за државјанство на Албанците од земјава, како и воведување на албанскиот јазик како уставна категорија,

Од друга страна, неофицијално осумтемина пратеници кои излегоа од ВМРО-ДПМНЕ заради гласањето за уставните измени нема да ги дадат своите гласови доколку Заев се согласи на барањата од Беса и Алијансата на Албанците.

Веројатно е дека најдоцна до 15 јануари или многу порано ќе се знае епилогот во Собранието за уставните измени, по што ќе остане ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент да биде единствен услов за тој да стапи на сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорги Спасов: Касами и Села не ја гледаат големата слика

Сакаат ли Села и Касами да бидат обележани како главна пречка за влез на Македонија во НАТО?

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата

Редакција

Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност, велат од бугарското МНР

Редакција

Разрешениот Исени му се заблагодари на Заев за укажата доверба: Функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил

Редакција