еМагазин
Свет

Амазон за првпат е највредна американска компанија со чии акции се тргува на берза

Амазон го надмина Мајкрософт на листата највредни компании во САД со чии акции јавно се тргува, откако превирањата на берзите доведоа до промена на листата американски корпорации.

Промената на врвот се случи откако акциите на Амазон пораснаа за три отсто и ја кренаа пазарната вредност на гигантот на Интернет трговијата на 797 милијарди долари.

Акциите на Мајкрософт се зголемени за помалку од еден отсто, со што пазарната вредност на произведувачот на софтвер изнесува 784 милијарди долари.

Со тоа Амазон првпат е највредна американска компанија со акции на берзата, а и ставен е крај на кусото враќање на Мајкрософт на врвот, откако во ноември го надмина Епл.

Превирањата се предизвикани од загриженоста дека трговската војна на администрацијата на Доналд Трамп со Кина и подигнувањето на референтните камати ќе ја забави светската економија.

Ако се случи тоа, веројатно ќе забави и растот на компаниите од технолошкиот сектор и другите гранки на индустријата, кои голем дел од приходите ги добиваат надвор од САД.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат

Редакција

(ВИДЕО) Кина во среде пандемија со Ковид-19 сака да му ја одземе автономијата на Хонг Конг

Редакција

СЗО: Сите вакцини се ефикасни против сите варијанти на Ковид-19

Редакција