Сега веќе поранешниот пратеник и кординатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, и официјално е новиот генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која на јавноста и е позната пред се поради големите плати.
Кога Тунтев станал пратеник во анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување корупција пријавил три стана.
Два како заеднички со сопругата, во Скопје и Охрид и еден на свое име исто така во Охрид од 85 метри квадратни, проценет на 6,2 милиони денари.
Пријавил и два автомобили, едното како заедничко, а другото како имот на сопругата, а на свое име пријавил мопед.
Има и кредит кој треба да го исплаќа до 2022 година, штедни книшки на децата…
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон седна на пратеничкото место на Томислав Тунтев
Томислав Тунтев стана генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство
Пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка
Фото: Фејсбук/Тунтев