Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, преку соопштение се обрати по вчерашното усвојување на уставните измени од македонското Собрание, превидени со Договорот од Преспа.
– Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, на кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу два соседа ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете страни за конечно решавање на разликата меѓу нив, севели во соопштението од Нимиц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“
Зборот Македонија во Уставот ќе биде спомнат само еднаш, Северна Македонија 287 пати
Фото: Влада