Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека САД ја поздравуваат одлуката на Собранието, за усвојување на уставните амандмани неопходни за ратификација на Договорот од Преспа за решавање на спорот со името со Грција.
– Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев почна да го користи името Република Северна Македонија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.