еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Отворен барот на покривот на „Хилтон“: Панорамски поглед од кој Скопје изгледа преубаво

Ексклузивниот Roof Bar 55 сместен на покривот од хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje” ги отвора вратите за посетителите.

Извонредниот панорамски поглед на Скопје и интернационалната гастрономска понуда на барот, го сочинуваат овој уникатен пакет на софистицираност и врвно задоволство.

Освен престижниот Roof Bar 55, дел од понудата на „Хилтон“ во Скопје се и ресторанот „Монте“ кој нуди интернационална кујна од пет континенти, како и елегантен лоби бар во чиј склоп функционира и слаткарница во која може да се вкусат најразлични слатки специјалитети од целиот свет.

„DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, официјално почна со работа на 1 јануари годинава и веќе стана дел од мапата на патувања за многу гости.

Она што е особен белег на хотелите кои се дел од брендот „DoubleTree by Hilton Skopje“ е тоа што секој гостин се пречекува со традиционално колаче за добредојде, кое е домашно направено и свежо испечено, со цел уште при самото доаѓање гостите да го почуствуваат врвното гостопримство кое е главна одлика на хотелите од овој синџир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како изгледа претседателскиот апартман во „Хилтон“

(Галерија) Адемоска: Отворањето на „Хилтон“ беше предизвик, исполнивме највисоки светски стандарди во хотелиерството

(Фото) Колку чини една ноќ во првиот хотел на Хилтон во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице позитивно на коронавирусот: Тестирани 225 вработени во градинки во Скопје и Битола

Редакција

„Виз ер“: Нема промена на начинот на летање кон Велика Британија до декември годинава

Редакција

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 13 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција