Не престануваат реакциите по објавата на резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година. На конкурсите пристигнаа 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект.
Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Ејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност).
Повикот за националните установи, пак, беше објавен во јуни 2018 година, а во рамките на законски утврдениот рок до Министерството за култура беа доставени 1.630 пријави од над 60 национални установи во областа на културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура, од кои беа поддржани 910 проекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура