еМагазин
Image default
Македонија

Новото име на државата поставено и на сигналната табла на граничниот премин Делчево

Новото име на државата, Република Северна Македонија веќе е поставено и на сообраќајните табли во близина на граничниот премин Делчево од македонска страна.

Таблите како што известија надлежните, поставени се согласно договорот од Преспа со Република Грција. Што се однесува до таблите на граничниот премин „Станке Лисичково“ од бугарска страна, тие се уште се со името Република Македонија.

– Се уште се работи на изнаоѓање начин како ќе се врши замената на таблите со новото име на вашата држава. Дали замената ќе предвиди целосно нови табли или врз веќе постоечките ќе биде ставен натпис со новото име, ќе се знае до крајот на неделата, се вели во соопштението од бугарската гранична служба.

Делчево е на 25 километри од Бугарија која е членка на Европската Унија и секојдневно на овој граничен премин поминуваат над 150 товарни возила. Засега не е забележана појава на чкртање на сигналните табли на кои стои новото име на државата Република Северна Македонија.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Префектот на грчката област Централна Македонија: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

(Фото) Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

(ФОТО) НБРМ се преименува во Народна банка на Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Редакција

Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Јово Вангеловски за набавка на БМВ вредно 40 илјади евра

Редакција