еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пролет во февруари: Сончево со температура до 17 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време.

Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Тамара и тимот станаа херои на земјата и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за своите права

Редакција

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата

Редакција

Препораки од АХВ: Топлото време ризик од труење со храна и опасност за животните

Редакција