Невкусни се коментарите на јавноста во однос на физичкиот изглед на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, а најповеќе нејзината споредба со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
„Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со “лажни” слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното“, вели Силјановска-Давкова на нејзиниот фејсбук-профил.
А ние би додале дека физичкиот изглед не ни е важен, ни треба жена со памет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска: На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот
Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова
Фото: Фејсбук-профил на Силјановска Давкова