еМагазин
Image default
Македонија

Кој ќе биде заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ ќе биде соопштено во петок

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата попладнево со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Собранието истакна дека се договориле на претседателските избори да учествуваат со заеднички кандидат. Името ќе го соопштат в петок.

– Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат. Имавме значително содржински состанок, направивме суштинска анализа, одлучивме дека треба да воспостравиме еден стандард во нашата земја. Иако за тоа имаше обиди и порано, но не беа успешни, нагласи Ахмети за медиумите по едночасовната средба со Заев.

Тој посочи дека сака на граѓаните да им упатат порака дека во земјата, како што рече, „имаме доволно зрели политички партии, но и општество за да може да се донесе заедничка одлука за претседател на државата“.

Во следните денови, рече Ахмети, ќе продолжат консултациите со останатите албански политички партии во однос на заеднички кандидат за претседател.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Ахмети се договорија за заеднички кандидат за претседател

За што се „скараа“ СДСМ и ДУИ

Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот“

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Пронајдено оружје и експлозиви: Приведени осум лица осомничени за тероризам

Редакција

Со глад штрајкуваат 270 затвореници во „Идризово“

Редакција

Учениците треба да ги добијат првите оценки до петок

Редакција