Независниот кандидат, проф. д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори, информираат од седиштето на Река.
„Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура. Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи“, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса
Каков имот пријавил Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса
Само Силјановска до сега собрала 10 илјади потписи за претседателските избори
Фото: Фејсбук/Река