Демонстранти од антивладиниот протест познат како „Еден од пет милиони“, предводени од лидерот на опозицијата, Бошко Обрадовиќ, синоќа упаднаа во зградата на српскиот јавен сервис РТС во Белград.
По упадотот полицијата спроведе акција за извлекување на демонстраните.
Демонстрантите бараа вонредно вклучување во програмата на РТС, но тоа не се случи.
На прес конференцијата министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ ги обвини за насилство и уништување на имот и на организаторите и тие што влегле во зградата им се закани со прекршочни и кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер „удри“ по Вучиќ
За Србија упадот во РТС е „македонско сценарио“
Фото/видео: Al Jazeera Balkans/Insajder Video
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.